Битиќи: Владата на СДСМ има исплатено 100 милиони евра кон домашните компании, голема разлика од нула исплатени средства во времето на ВМРО

Од:

Претседателот Ковачевски и потпретседателот Битиќи денеска ја посетија компанијата „Лапласт-М“. Потпретседателот Битиќи изрази задоволство за можноста да се запознаат со работењето на уште една успешна, домашна компанија, која повеќе од четири децении ја одржува и зголемува својата пазарна конкурентност во делот на производството, монтажа и сервисирање на покривни елементи и разна урбана опрема.

„Работењето на компанијата е пример за тоа како владините економски политики за поддршка на инвестициите се насочуваат и кон домашните компании, нешто кое што беше само неостварена желба до 2017 година. Во нашата социјалдемократска визија кога дојдовме на власт веднаш почнавме да спроведуваме политики кои даваат приоритет на правичноста и еднаквоста и за домашните и за странските инвестиции во нашата држава. Го изедначивме односот кон инвеститорите. Направивме длабок рез, промена, го отстранивме системот кој на затворени седници на Владата, без јасни критериуми, доделуваше финансиска поддршка само на странски компании, а за домашните компании беа резервирани нула денари.“ – истакна Битиќи

Додавајќи дека политиките на Владата предводена од СДСМ креираат бизнис средина каде што сите бизниси, без разлика на потеклото, ќе може да работат во рамноправни услови и да се придржуваат до фер работни практики.

„Затоа во 2017 година со Планот за економски раст создадовме системска можност за домашните компании да бидат финансиски поддржани во нивните инвестиции. Таа можност беше препознаена и денес нашето портфолио изнесува 919 компании поддржани по Законот за финансиска поддршка на инвестициите со речи си 100 милни евра. Тоа не се пари фрлени во празно, затоа што тие инвестираа во домашната економија 500 милиони евра и отворија 5.000 работни места.“ – рече Битиќи
За крај тој истакна дека пред доаѓањето на власт на СДСМ работниците се третираа како евтина работна сила, што повеќе не е случај.

„За тоа дека водиме грижа да осигуриме дека нивниот труд се вреднува преку обезбедување на достоинствени плати, зборува и растот на просечната плата од 22.889 денари во мај 2017 година на 38.359 денари во ноември 2023 година, што е зголемување за 68% за шест и пол години. Овде не застануваме, нашите социјалдемократски политики ќе продолжат уште повеќе да ги поддржуваат домашните компании да напредуваат, но и да создаваат добро платени работни места кои ќе понудат сигурност, достоинство и просперите на нашите граѓани.“ – изјави потпретседателот Битиќи

Би можело да ве интересира

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Горан Наумовски

Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула – сите прогресивни сили ќе гласаат ПРОТИВ ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе седум часовен работен ден