Битиќи: Повиците за онлајн игри на среќа ќе се организираат транспарентно, преку оглас

Од:

Повиците за онлајн игри на среќа ќе се организираат транспарентно, преку оглас на кој ќе се изберат одредени компании, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, може да аплицира секој што ги исполнува условите.

-Не знам каде и зошто некој го прочитал ограничувањето дека не дава Владата. Повиците за онлајн игри на среќа ќе се организираат транспарентно, преку оглас на кој ќе се изберат одредени компании кои ќе ги приредуваат онлај игрите на среќа. Секако, секој што ги исполнува условите е повикан да аплицира. Ако сакаме да правиме нешто на неорганизиран начин, тогаш да продолжиме на неорганизиран начин, ако сакаме се уште да гледаме казина во дворовите на училиштата и до верските објекти, да продолжиме тоа да го правиме, но сметам дека штетата е многу поголема, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Македонија да се вклучи во транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“

(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ е против алармантните измени на Законот за јавни набавки, бараме јавна расправа

Горан Наумовски

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

ОЈО: Четворица штипјани приредувале игри на среќа без лиценца

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски