Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

Од:

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи од собраниската говорница истакна дека предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, по скратена постапка, е обид на Владата на мала врата да изврши импровизации и да ги коригира сопствените пропусти и грешки поврзани со реализацијата на кредитот од Унгарија.

Парите се повлекоа, провизиите се платија, каматата почна да тече. 500 и повеќе милиони евра стојат на сметка. Се изнаслушавме за историски најниска камата, но реалноста е поинаква, таа не функционира. Не постои институционален капацитет за нивно ефектуирање, ниту кон стопанството, ниту кон било кој друг. Постои само капацитет за ефектуирање на провизии. Дозволете ми да бидам и малку саркастичен, оваа задолжување е спроведено како некој на кредит да купил луксузен автомобил без да знае да вози. Го плативме автомобилот, плаќаме и за гаражата, но тој стои неподвижен, истакна Битиќи.

Тој потсети дека кога беше изгласан законот за задолжувањето претставниците на Владата, како и пратениците од владејачкото мнозинство емотивно зборуваа и аргументираа дека овие пари ќе бидат насочени кон инфраструктурен развој на општините, развој на стопанството итн.

Но, до ден денес банкарските критериуми за пласирање не само што не се објавени, туку се чини дека не се ни дефинирани, оставајќи го стопанството во состојба на неизвесност и финансиска нестабилност. Компаниите, кои се двигател на економијата, се оставени на милост и немилост, без јасна поддршка од институциите кои треба да ги штитат нивните интереси. Доцнењето на повратот на ДДВ, кое сега достигнува рекордни суми, е само врвот на ледениот брег. Средствата предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестициите се намалија, нагласи Битиќи, додавајќи дека Владата најавуваше дека средствата од првата транша од 250 милиони евра ќе бидат ефектуирани до крајот на 2024 година.

Тој нагласи дека со предложените измени, владејачкото мнозинство, реши да разоткрие уште една „историска“ димензија поврзана со овој кредит, а тоа е воведувањето на механизмот препозајмување, како нов законски инструмент за финансирање на долгот на јавните претпријатија и на трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Битиќи истакна дека додека парите од унгарскиот кредит стојат, Владата не стои, туку неодамна се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници, претходно кон крајот на октомври 2024 година, кај домашните кредитори се задолжи со 73,7 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

(ВИДЕО) Тренчевска: Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле

СДСМ: Власта има Буџет од шест милијарди евра, а не сака да ги покачи платите на работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Груби правеше милионски криминал, а СДС молчеа за ден повеќе на власт

СДСМ: Дебакл и на новогодишната кошничка