Binance воведува демо тргување за корисниците во Македонија

Од:

Binance, најголемата крипто берза во светот според обем на тргување и број на корисници, ја лансира својата платформа за демо тргување за корисниците во Македонија и на целиот Балкан. Новата функционалност нуди безбедна и неризична средина во која почетниците и поискусните трговци на криптовалути можат да вежбаат тргување со спот (Spot) и фјучерси (Futures) со виртуелни средства, без да изложат на ризик вистински пари.

Платформата симулира реални пазарни услови, вклучувајќи движење на цените во живо и податоци од листата на активни налози за купување и продавање, овозможувајќи им на корисниците практично да учат за трговски стратегии, пазарна динамика и управување со портфолио. Демо тргувањето ги поддржува и спот пазарите (Spot markets) и USD-M и COIN-M фјучерси (Futures), сето тоа преку интуитивен интерфејс кој целосно го одразува изгледот и функционалноста на Binance платформата за реално тргување.

Корисниците можат да анализираат графици, да поставуваат симулирани налози за тргување и да ги следат своите виртуелни салда преку познатите секции пазари (Markets), тргување (Trade) и средства (Assets). Дизајнот им помага на новите корисници да стекнат самодоверба, а на поискусните да тестираат стратегии во контролирана средина.

Да се започне со демо тргување е едноставно: доволно е корисникот да се најави со својот Binance профил и да ја избере опцијата „Започни демо тргување“ (Start Demo Trading), или да креира нов профил за неколку минути. Преминувањето назад на реално тргување е лесно преку копчето „Назад во живо“ (Back to Live). Демо тргување е достапен и на веб-верзијата и во мобилната апликација на Binance, што овозможува учење било каде, било кога.

Според Сандро Слукан, регионален раководител за маркетинг на Binance за балканскиот регион, интересот за крипто во регионот расте, но многу почетници се соочуваат со предизвици поради комплексноста и волатилноста на пазарот. Демо тргувањето е создадено за да го намали тој јаз, нудејќи едукативна алатка без ризик што им помага на корисниците да стекнат практично искуство пред да преминат на реални пазари.

Оваа функција не бара верификација на идентитет или отворање на фјучерси сметка (Futures account), а виртуелните средства можат да се ресетираат во секое време. Сепак, одредени напредни функции од реалното тргување можеби нема да бидат достапни.

Binance нагласува дека резултатите во демо тргување не го одразуваат во целост реалното тргување, бидејќи емоциите и пазарните услови постојано се менуваат и имаат значително влијание врз резултатите.

Би можело да ве интересира

Binance предупредува за нов бран крипто-измами преку WhatsApp

A1on

Четири клучни алатки за заштита на сметките на Binance

A1on

Binance издвојува 400 милиони долари за поддршка на корисниците и обновување на довербата во крипто пазарот

A1on

Зошто заедницата Binance е срцето на најголемиот крипто екосистем

A1on

Ethereum на историски врв: технологијата и институциите го туркаат кон нови рекорди

A1on

Од комунална монета до глобален дигитален имот: Токенот BNB ја премина границата од 1.000 долари

A1on