Binance издвојува 400 милиони долари за поддршка на корисниците и обновување на довербата во крипто пазарот

Од:

Најголемата светска крипто-платформа Binance ја претстави иницијативата „Together“, вредна 400 милиони американски долари, со цел да им помогне на индивидуалните корисници и институциите кои беа погодени од неодамнешните флуктуации на пазарот.

Иницијативата претставува чекор кон стабилизирање на крипто-индустријата и враќање на довербата во дигиталните финансии. Средствата се распределени во два фонда:

  • 300 милиони долари во USDC стабилна валута– корисници кои претрпеле загуби од принудна ликвидација преку фјучерси и тргување со маржи во периодот од 10 до 11 октомври 2025 година. За да се квалификуваат, корисниците треба да имаат загуба од најмалку 50 американски долари, што претставува најмалку 30% од нивниот вкупен биланс на сметката. Исплатите ќе се извршат автоматски, во рок од неколку дена, директно на Binance сметките на корисниците.
  • 100 милиони долари институционален фонд – наменет за партнери и институции кои биле сериозно погодени од пазарните осцилации. Фондот ќе нуди краткорочни заеми со ниски камати, а апликациите се достапни преку менаџерите на сметки за VIP и институционални клиенти.

Од Binance објаснуваат дека, иако компанијата не е директно одговорна за индивидуалните загуби, иницијативата е дел од поширокиот напор да се поддржи заедницата и да се поттикне доверба во крипто секторот.

„Нашите корисници секогаш се во сржта на сè што правиме. Без нивната поддршка Binance не би постоел. ‘Together Initiative’ е наш начин да покажеме дека стоиме зад заедницата, дури и во најтешките моменти“, стои во соопштението на компанијата.

Binance потсетува дека тргувањето со дигитални средства вклучува висок степен на ризик и ги охрабрува корисниците внимателно да управуваат со своите позиции и да инвестираат одговорно.

Оваа иницијатива доаѓа во време кога криптовалутите бележат значителни флуктуации, што негативно влијае на корисниците, институциите и довербата во целиот пазар. Проактивниот пристап на Binance може да се гледа како обид за стабилизација и реафирмација на лидерската позиција на пазарот.

Би можело да ве интересира

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели

Американскиот федерален суд ги отфрли сите тужбени барања против Binance во тужбата поврзана со антитероризам

Тенг: Binance инвестираше стотици милиони долари за зајакнување на својот систем за усогласеност

Отворено писмо до крипто-заедницата – клучни точки

Горан Наумовски

Месечни пазарни согледувања – Притисок врз ликвидноста, стеснување на алткоин-пазарот и структурни промени