Вкупната сума на директни инвестиции во Велика Британија е над билион фунти за првпат, соопшти Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Директните инвестиции во 2014 година се зголемени за 90 милијарди фунти и е над билион фунти. Тоа е највисоко ниво во Европа и трето во светот по САД и Кина.
Тие податоци ќе биодат искористени од британските конзервативци за да отфрлат обвинувања на опозицијата дека плановите на Камерон за реформа на врските со Брисел ќе им наштетат на странските инвестиции во Велика Британија.