Бесими: СБ го поздрави ребалансот на Буџетот – истиот ќе овозможи поддршка за граѓаните и компаниите

Од:

Планот за забрзан раст со чија реализација е предвидено удвојување на стапките на раст, транзицијата кон зелена економија, енергетската криза, но и преземените мерки со кои се забави инфлацијата, како и оние кои ќе се преземат во наредниот период беа едни од суштинските теми на кои министерот за финансии Фатмир Бесими дискутираше со Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во РС Македонија и Јасмин Чекири, менаџер за Оддел за макроекономија, трговија и инвестиции за регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка.

„Првиот пакет мерки беа со цел да успори инфлаторната спирала, следните мерки ќе бидат насочени повеќе кон одредени целни групи кои се најзасегнати од кризата и кои без тие мерки не би можеле да ги надминат овие ефекти. Ова е впрочем и препораката на меѓународните финансиски институции, како ММФ и Светска банка, но и на Европската унија – да се делува со мерките кон целни категории“, истакна министерот за финансии, Бесими.

Бесими воедно во делот на политиките за справување со енергетската криза, нагласи дека од Буџетот на РСМ за 2022 година, од почетокот на годината исплатени се средства во износ од 5,3 милијарди денари како финансиска поддршка за АД ЕСМ Скопје со цел справување со енергетската криза. На ваков начин преку навремена поддршка во енергетскиот сектор беше надминат проблемот во снабдувањето со електрична енергија, се заштитија граѓаните од ценовните шокови, а за компаниите се обезбеди најповолната цена на електричната енергија.

Тој истакна дека се посветени на реализација на Планот за забрзан раст чија цел е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се намали фискалниот дефицит и да се задржи долгот на стабилно ниво.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска