Бесими: Нов Закон за внатрешна финансиска контрола за зголемување на отчетноста на институциите

Од:

Нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор ќе се создаде со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, на јавна дискусија за новиот Нацрт-закон.

Во наредниот период, како што соопштуваат од Министерството за финансии, Министерството за финансии ќе работи заедно со институциите во изготвување интерни акти за клучните процеси од финансиското управување и контрола преку коишто ќе се зајакнува внатрешната контрола.

–Новина во Законот е што се создава нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола, согласно што се зголемува улогата на раководителот на матичниот буџетски корисник, а кај раководителите на внатрешните организациони единици се зголемува одговорноста пред раководителот на субјектот, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Целта на Законот, како што потенцира, е зајакнување на внатрешната финансиска контрола, преку зголемување на одговорноста и отчетноста на раководните лица.

Значајно е што, Законот ќе го применуваат сите субјекти од јавниот сектор, вклучувајќи ги и претпријатија во јавна сопственост, а внатрешните финансиски контроли ќе се спроведуваат исклучиво врз основа на интерни акти со коишто секој субјект од јавниот сектор ќе ги разработи процедурите за спроведување на клучните процеси на финансиското управување и контрола.

Со Нацрт-законот, исто така, е обезбедена организациска и функционална независност на внатрешната ревизија, како и условите коишто треба да ги исполнат раководителите на единиците за внатрешна ревизија и внатрешните ревизори.

Воедно, а заради унапредување на развојот на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија во јавниот сектор, во Министерството за финансии ќе се формира Совет за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, како советодавно тело без раководни овластувања. Членовите на Советот ќе ги именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за финансии.

Законот се подготвуваше во рамки на ИПА твининг проектите „Понатамошно подобрување на системот за внатрешна контрола“ и „Зајакнување на буџетското планирање, извршување и функциите на внатрешната контрола“, во чијашто реализација беа вклучени експерти од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска