Бесими: Не се откажавме од „солидарниот“ данок, Собранието поскоро да ги донесе законите за даночните реформи

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими апелира што поскоро да се изгласат законите од даночна реформа кои се во собраниска процедура, нагласувајќи дека Владата не се откажа од данокот на солидарност.

– Законите се во Собрание и апелирам уште еднаш сите закони што се во делот на даночна реформа што поскоро да се изгласат зашто веќе ги поминале сите страни на инклузивна дебата со сите чинители во општеството, стопанските комори, со академската заедница, со политичките партии и едноставно таа дебата треба да продолжи, а да не стои во Собрание. Треба што побрзо да почне. Како што денеска во Собрание конечно по неколку месеци се очекува да се изгласа заемот од 100 милиони евра од ЕИБ обезбеден за стопанството, директно за фирмите кои дополнително ќе имаат поддршка за економскиот раст, така и овие закони, треба да се донесе и сетот на даночните реформи кој е дел од препораките што ни ги даваат и во Извештајот за прогрес на ЕУ и Економско-социјалниот дијалог во ЕК во Брисел, потенцира Бесими, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, важно е тоа што е веќе во собраниска процедура што поскоро да се заврши за да се реализираат проектите предвидени во Буџетот.

Би можело да ве интересира

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Бесими: Трезорот ќе работи, правата на вработените ќе ги оствариме согласно законите

Бесими: Општествениот консензус можност за „економско чудо на Балканот“

Бесими: Со 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР, ЕУ и ИПА го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија