Бесими – Бјерде: Заздравување на економскиот раст преку „План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст“

Од:

Во рамки на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, министерот за финансии Фатмир Бесими присуствуваше на состанок со Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија и регионалниот директор на Светската банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер.

На средбата, Бесими посочи дека Министерството за финансии работи на План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст, што има за цел да ги соедини сите иницијативи, планови и алоцирани фондови на Владата и меѓународните финансиски партнери за реализација на капитални проекти за овој период.

-Целта на овој документ е да дизајнира иновативни начини за спроведување на јавните инвестиции, користејќи ги достапните фондови од официјалните кредитори за мобилизирање на приватните инвестиции. Со ова ќе се придонесе кон неколкукратно зголемување на инвестициите, а воедно и спроведување на фискалната консолидација, додаде тој.

Зајакнувањето на приватните инвестиции, како што информира Бесими, ќе биде поддржано преку развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантен фонд, еквити фондови, фонд за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. Се планираат јавни приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање на јавни капитални проекти, но и проекти на приватниот сектор. Проектите се во рамки на Националниот инвестициски комитет (НИК), како дел од иницијатива на јавниот и приватен сектор.

Министерот за финансии информира дека преку новите механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање се очекува да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра во период од 2021 до 2025 година, ќе се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор.

-Со тоа, ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ, како и кон креирањето нови работни места, посочи министерот за финансии.

На состанокот со потпретседателката на Светска банка, Бесими дискутираше и за четиригодишната Рамка за соработка на Северна Македонија со Светска банка.

Министерот истакна дека законите поврзани со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Проектот за унапредување на основното образование, коишто се дел од четиригодишната рамка, се усвоени од Собранието и може да се потпишат договори и да се започне со нивна реализација. Како што беше посочено, потпишувањето на договорите се очекува да се случи наскоро.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска