Бернанке го повика Конгресот да го зголеми лимитот на американскиот долг

Од:

Претседателот на Управата за федерални резерви на САД Бен Бернанке ги повика американските законодавци да го зголемат лимитот на долгот на САД, за да се избегне опасноста од катастрофален банкрот.

На настан спонзориран од Универзитетот во Мичиген, Бернанке го спореди Конгресот со семејство, кое смета дека може да го зголеми кредитниот рејтинг ако одлучи да не ги плаќа сметките за кредитната кратичка.

Шефот на Федералните резерви истакна дека укинувањето на ограничувањата за заемите не значи и одобрување на нови државни трошоци.

– Навистина е многу важно Конгресот да ги преземе неопходните активности, за зголемување на ограничувањето на долгот, изјави Бернанке.

Плафонот на долгот на САД треба да биде зголемен над сегашното ниво од 16,4 билиони долари до средината на февруари, со цел да продолжи финансирањето на годишниот дефицит од 1 билион долари, се наведува во соопштение на буџетската служба на Конгресот, јави ДПА.

Републиканците во Конгресот се заканија дека ќе го обврзат секое зголемување на лимитот на долгот со барање за намалување на трошоците.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина