Берн сака спогодба за слободна трговија со Лондон по Брегзит

Од:

Швајцарскиот министер за економија, Јохан Шнајдер Аман, сака да склучи спогодба за слободна трговија со Велика Бритајнија, веднаш откако земјата ќе ја напушти Европската унија, пишува денеска швајцарскиот весник „Блик“.

– Целта е јасна. Не е во ред да мине ниту ден по излегувањето на Велика Британија без нова валидна нормативна уредба, истакна Шнајдер Аман.

– Најмалку што е потребно е таа да не биде полоша од претходната спогодба, додаде тој.

Весникот нагласи дека на неодамнешниот економски форум во Давос британскиот министер за трговија Лиам Фокс изразил силен интерес за евентуалната спогодба со Швајцарија.

Британската Влада не е ополномоштена да преговара за нови трговски спогодби се додека Британија е членка на Унијата. Преговорите за Брегзит со Брисел можат да траат до 2019 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ