Бензините поскапуваат за 1.5 денари, дизелот непроменет

Од:

Бензините поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизелот останува иста. Регултароната комисија за енергетика ги објавиновите цени по кои бензините ќе се точат од полноќ.

Така цената на еуросупер бс-95 изнесува 82,50 денари за литар, додека цената на еуросупер бс -98 изнесува 84 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) останува 70 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе се продава за 58,5 денари за литар. Се намалува и малопродажната цена на мазутот и тоа за 0,176 денари за килограм и ќе се продава по 41,70 денари.

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 проценти, односно за 0,28 проценти во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените.

Би можело да ве интересира

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Повисоки цени на горивата од полноќ

Намалување на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски