Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,00 денари за литар.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и во наредните две недели ќе чини 48,00 ден/лит.
За 0,112 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 23,881 денари.