Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од:

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 64,50 денари. Цената на дизелот останува 60 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на горивата е во просек за 0,98 проценти.

Новите цени на горивата ќе важат во следните две недели.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поевтинуваат горивата

Поскапува мазутот