Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари од литар, а дизелот поскапува за 0,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 70,50 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 72,50 денари.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 58,00 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 46,50 денари.
За 0,705 денари поевтинува мазутот М-1 НС и ќе се продава за 28,934 денари за килограм.