Бектеши во Трст на Конференција за Западен Балкан

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши ќе отпатува за Трст, Италија, каде утре ќе учествува на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, како дел од делегација на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев.

Како што информира Кабинетот на Бектеши, на конференцијата која се организира во рамки на „Берлинскиот процес“, покрај досегашните теми кои опфаќаат инфраструктурни проекти за транспортно и енергетско поврзување и реформски мерки за нивна имплементација, соработката на младите, отворените билатерални прашања, мигрантска криза и борба со тероризмот, се очекува доминантна тема да биде регионалната економска интеграција.

– Значењето на непречената трговска соработка во регионот, инвестициската политика, енергетските и инфраструктурните проекти ќе бидат темите на кои министерот Бектеши ќе се осврне во своето обраќање пред колегите на Самитот, велат од Кабинетот на министерот за економија.

Би можело да ве интересира

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on