Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Струга ќе има состанок со претставници на Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ, предводени од претседателот Крсте Блажевски.
На средбата, како што информираат од Министерството за економија ќе се разговара околу подготовките за туристичката сезона и за интересот на граѓаните за користење на мерката на Владата за подршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, која е со рок за аплицирање до 31.05.2018 година.