Енергетскиот сектор во Северна Македонија се соочи со навистина тежок период како резултат на сите кризи кои ја зафатија не само нашата земја туку и целиот свет. Покрај тоа, ние како земја продолжуваме да ги фокусираме нашите политики поврзани со енергијата на здрава и чиста животна средина, како и енергетска независност.
Владата го усвои Националниот енергетски и климатски план, а со усвојувањето на овие документи, земјата ги постави својата визија и цели во сите пет димензии на Европската унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на Неформалниот Министерски состанок на Енергетската заедница кој денеска се одржува во Баден, Виена.
Бектеши информираше дека Министерството за економија досега го изготви клучното законодавство во областа на енергетиката, кое е усвоено во периодот од 2018 до 2020 година, а во кое се вклучени реформски мерки за исполнување на целите на енергетската стратегија во согласаност со третиот пакет од Директиви за електрична енергија и природен гас.
„За дел од реформските политики за многу краток временски период постигнавме практична имплементација, односно потпишани се Договори за право на користење на премија од фотонапонски електрани со вкупна инсталирана можност од приближно 160 MW. Во континуитет го следиме реформскиот процес и во тесна соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница вложуваме значителни напори до крајот на оваа година да подготвиме усогласено законодавство со т.н. Зелен пакет од Директивите за ОИЕ и за ЕЕ и Регулативата за управување со енергија, се со цел да создадеме поволна клима и соодветен правен основ за имплементација на целите од Националниот план за енергија и клима до 2030 година, кој Владата го усвои на 31.05.2022 година како оперативен стратешки документ“ кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека во целиот овој интегративен процес Северна Македонија ги вложува сите напори за исполнување на нашите предуслови како земја кандидат и земја потписник на Договорот за енергетска заедница и воедно проактивно учествуваме во програмирањето на IPA.
Во делот со снабдување и складирање со гас што во моментот е еден од најголемите преедизвици во сите земји во регионот и Европа министерот Бектеши информираше дека Северна Македонија е приклучена во новата Регионална платформа на Европската унија за набавка на гас, преку која ќе се решаваат регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените, но и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија.
Со Акцискиот план на ЕУ, Регионалната платформа Југ се планира Македонија и Бугарија да го започнат процесот на потпишување на договорот за интерконекција за да овозможат пристап и проток на трети страни од алтернативни извори кон Македонија со оглед на фактот што транспортниот капацитет од бугарска страна е целосно закупен од страна на руски Газпром до 2030 година.
„Секретаријатот на Енерегетската заедница изразија готовност да помогнат технички околу изготвувањето на договорот за интерконекција за да овозможат пристап и проток на трети страни од алтернативни извори кон Македонија“ потенцираше Бектеши.
Европската комисија и бугарскиот регулатор планираат мерки согласно ЕУ регулативите за ослободување на капацитетите на руски Газпром на бугарска територија кон земјите членки и Договорните страни на ЕЗ за претстојната зима.