Бектеши: Со стратегија се развива женското претприемништво, расадникот во тетовско Прељубиште е одличен пример

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши беше во посета на расадникот на компанијата „Еуропеан плантс“ во тетовско Прељубиште, која е холандска инвестиција, а по повод денот на претприемништвото кое се одбележува во Кралството Холандија. Оваа компанија е управувана од жена и претставува успешен приказна за женско претриемништво во Северна Македонија.

-Оваа компанија има над пет милиони евра извоз, а дополнително има и развојни планови со цел да го зголеми производството тука, кај нас, се со цел да се зголеми бројот на вработени. Министерството во склоп на надлежностите веќе усвои стратегија за женско претприемништво имајќи предвид дека зборуваме за компанијата која се раководи и е сопственик жена претриемач, ние целосно ќе ги поддржиме жените претприемачи во нашата држава. Со овие посети би сакал да ги поттикнеме сите жени да основаат бизниси. Ние имаме позитивна политика за жените претприемачи со цел да имаат можност да основаат и раководат компанија. Законот за поддршка на инвестициите е во сила и би сакал да ги повикам тие жени да ги користат јавните повици преку Програмата за конкуретност, иновативност и претпримеништво, кои се реализираат во склоп на Министерството за економија. Секако, и јавните повици преку ФИТР, се со цел да креираме нови работни места, кои се добро платени и со тоа да придонесеме во целокупен развој, изјави министерот Бектеши.

Компанијата „Еуропеан плантс“ има расадник за декоративни растенија. Вилеке Роес почнала да ја раководи по 2019 година, кога сопругот трагично го загубил животот во Прељубиште.

-Почнавме со 2007 година со многу страст и со многу искуство бидејќи во Холандија имаме исто ваква фирма. Почнавме со 14 вработени и сега имаме 160 вработени, најголем дел се локални жители од оваа област. Има 350 хектари со насади. Извезуваме за Романија, Полска и Германија и тоа 95 отсто од производството, додека пет отсто се продаваа тука за малопродажба. Мажот ми трагично почина во 2019 и затоа сакав да продолжам, за него, за Јост, за компанијата и за мене, како и за луѓето кои работат тука долго време. Планот е да се работи уште долго време бидејќи имаме одлична компанија, изјави Роес.

Амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп информираше дека секоја година во ноември Кралската асоцијација за мали и средни претријатија го слави денот на претприемништвото на фирми до 250 вработени.

-Мојата земја има приходи од 80 отсто надвор од своите граници и тука гледате како тоа се остварува. Госпоѓа Роес е пример за луѓе кои дошле и направиле нова реалност во оваа земја. Оваа е компанија со најголема површина во Европа кога станува збор за насадни растенија, Посебна почит за неа имаме бидејќи се посветила на компанијата и по смртта на нејзиниот сопруг. Претприемништвото е убав пример за оваа компанија која сега обезбедува работни места за локалното население и обезбедува поддршка за локалните компании кои се нивните добавувачи, изјави амбасадорот Јан Коп.

Посочи дека Северна Македонија е убава земја за инвестиции во земјоделство, поради почвата, вода и климата, како што рече – либерална држава со отворена и транспарентна економија.

-Добро се справивте со предизвиците од пандемијата во споредба со други земји и економијата е на добар пат за ЕУ. Оваа земја има прогрес на пат кон ЕУ. Многу работи и пречки, како со Бугарија, треба да се наадминат, но сум оптимист за членство, додаде Јан Коп.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши

Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

A1on