Бектеши: Мерките кои ги носи Владата почнаа да го даваат својот резултат, има намалување на инфлацијата

Од:

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека има намалување на инфлацијата споредбено со претходните месеци и најголемо намалување во споредба со ланскиот октомври кога генерално почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Инфлацијата во споредба со истиот месец од претходната година е 14,7 отсто и има 2 проценти намалување ако ја споредиме со февруари. Најважно е дека има намалување во делот на транспортот и во делот на храната што значи дека мерките кои ги носи Владата почнале да го даваат својот резултат, рече Бектеши во изјава по состанокот со увозниците на овошје и зеленчук во Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката