Бектеши: Има можност да се врати дневната евтина тарифа на струјата, од март повисоки плати

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.

Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани.

-Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата