Бектеши-Донмез: Со Меморандум за соработка ќе се зголемува соработката во енергетиката помеѓу Македонија и Турција

Од:

Северна Македонија и Турција ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на енергетиката што ќе придонесе за зголемување на соработката помеѓу двете земји, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата на земјата.

Ова го договорија министерот за економија, Крешник Бектеши и неговиот колега, министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез на билатералната средба во рамки на Осмиот Министерски состанок на советодавниот совет за Јужниот гасен коридор кој што се одржа во Баку, Азербејџан.

Во рамки на средбата на која присуствуваше и директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД, Бајрам Реџепи, двајцата министри разговараа за можните правци за развој во полето на енергетиката земајќи ги во предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки, како и енергетската криза, известува Министерството за економија.

Министерот информираше дека две турски компании се во конкуренција за избор на фирма која што по пат на јавно приватно-партнрство ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа во државата. Процесот е во последна фаза и до крајот на годината треба да биде избрана компанија.

Двајцата министри се согласија дека Турција и Северна Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи дека во иднина оваа соработка да се продлабочи.

Во рамки на Министерскиот состанок во Баку, покрај министерот за енергетика на Турција, министерот Бектеши оствари неформална средба со министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов.

Двајцата министери разменија мислење реализација на заеднички енергетски проекти, пред се за интерконективното гасно поврзување на Петрич и Струмица, како дел од процесот на продлабочување на економската соработка помеѓу двете соседни земји.

Министерот Бектеши во Баку, оствари и неформална средба со европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон со која разговараа за плановите и иневстициите за развој на енергетскиот сектор во Северна Македонија, пред се за инвестициите за гасно поврзување во регионот, информираат од Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија