Банката на Англија не предвидува раст за британската економија оваа година

Од:

Банката на Англија,која ја има улогата на Централна банка во Велика Британија не предвидува никаков раст на домашната економија оваа година,намалувајќи ја својата претходна економска прогноза, јави дописникот на МИА од Лондон. Ова е трето по ред менување и намалување на економската прогноза што го прави оваа банка во изминатите осум месеци.

На самиот крај од 2011 година, Банката на Англија навести раст од 2 осто за оваа година, што во мај драстично го намали,за да го сведе на 0,8 отсто.

Сега,меѓутоа,експертите на банката тврдат дека британската економија во следните четири месеци не ќе може да постигне ниту најмал раст од само 0,1 отсто, па за 2012 година тие предвидуваат “нулти раст”.

Банката во денешното соопштение вели дека се менува и среднорочната прогноза за економскиот раст, од досегашните 2,8 отсто до 2015 година, на 2,1 отсто во следните двеипол години.

Сегашната прогноза за економијата на земјата мора да се намали,затоа што актуелната ситуација е полоша од онаа во мај, призна гувернерот на Банката на Англија Мервин Кинг.

Тој рече дека во следните месеци до крајот на годината се очекува натамошно намалување на инфлацијата, што се оценува како “олеснување за веќе прилично исцедената домашна потрошувачка моќ”.

Би можело да ве интересира

Момче загина во пожар во Англија, уапсени се 14 деца

Хаос во Бирмингем: Ѓубре насекаде, а стаорци големи како мачки трчаат по улица

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија