Бабовски: Владата одобри нови пет дена за поднесување барања за субвенции во земјоделството по Програма 2020

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделски стопанства дека донесен е нов рок за поднесување на барања за директни плаќања. Новиот рок е донесен од страна на Владата на Република Северна Македонија а е утврден согласно дополнетата Уредба за директни плаќања.

Ова значи дека сите земјоделци кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, истото ќе може да го сторат веќе од денеска па се до 30- ти септември.

Барањата за добивање на финансиска поддршка како и претходните години и овој пат се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека како и досега и овој пат земјоделците кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

„Апликантите да го запазат новиот дополнителен рок а при поднесување на барањата да проверат дали во барањата ги пријавиле сите култури кои ги одгледуваат и дали им се впишани сите мерки за кои бараат финансиска поддршка. Доколку некој од земјоделците увидат дека направиле пропуст или пак ако увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањата може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето“, апелира директорот Бабовски.

Агенцијата заедно со Владата и МЗШВ, и понатаму ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе влијаат земјоделството да се развива и модернизира. Преку креирање на позитивни мерки како и досега, ќе се создаваат услови за намалување на производните трошоци и зголемување на домашното земјоделско производство.

Би можело да ве интересира

Исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите

Ана Ололовска

Продолжен рокот за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Ана Ололовска

Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Ана Ололовска

Отворен нов јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Ана Ололовска

На располагање нови средства за развој на рибарство и аквакултурата, отворени два нови повика

Ана Ололовска

АФПЗРР: Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Ана Ололовска