Исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 13.854 субјекти исплати над 575 милиони денари.

Станува збор за исплата на апликантите кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по мерката „директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки лозови насади“.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека средствата кон лозарите се исплаќаат пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат теренските активности и подготовката за производство на новата реколта на домашно произведено грозје и вино.

„Како и сите години претходно така и оваа, средствата за лозарите ги исплаќаме во време кога лозарите имаат најмногу активности за подготовка на насадите за новата реколта. На тој начин, правиме се за да ги ублажиме трошоците што лозарите ги имаат за да произведат квалитетно трпезно грозје, како и суровина за производство на квалитетно вино или ракија. Преку креирање на мерки и програми Агенцијата, Владата и МЗШВ ќе продолжат да создаваат поволни услови за раст и развој на секторот земјоделство“, истакна Бачовски.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов