Од денеска до 15- ти јули, сите субјекти кои ги порибиле рибниците со порибителен, (насаден), материјал во периодот од 1- ви февруари до 30-ти мај, ќе може да аплицират за добиивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура.
Право на користење на поддршката имаат сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 – декември 2019 година, од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. Право на финансиска поддршка имаат и оние субјекти кои набавиле подмладок и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и кои немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 – декември 2019 година.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека средствата од потточка 2.2 односно Финансиска поддршка за порибителен материјал, се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 1 февруари до 30 мај 2019 година, а поддршката за оваа мерка се исплаќа скалесто и тоа за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот, за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5.000 – 75 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот, за купен или сопствен подмладок од 5.000 кг до 7.500 – 50 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот и за купен или сопствен подмладок над 7.500 – 25 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот.
Барањата се доставуваат во оригален примерок. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2019 година.
Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.
Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.
Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2019 година, заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2019 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата. Доколку ковертот не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.