Бабовски: Исплатени субвенции за овошни и градинарски култури

Од:

Владата и Агенцијата водат сметка не само за руралниот развој и подобрување на животот во руралните средини, туку и за земјоделството воопшто. Ова го нагласи директорот на АФПЗРР Николче Бабовски денеска во Кавадарци, информирајќи дека денеска се исплатени субвенциите за овошни и градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Тој соопшти дека на сметките на 3.647 земјоделци, се исплатени 229,5 милиони денари.

-Апелирам до сите земјоделци, средствата да ги реинвестираат во обнова на семе и саден материјал, во набавка на се што им е потребно за наредната реколта, со цел одгледување на квалитетни производи и зголемен род. Вие продолжете да произведувате, а ние ќе продолжиме со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно-законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, рече Бабовски.

Земјоделството, нагласи, е наша шанса за успех.

-Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност, што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ, порача тој од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите

Ана Ололовска

Продолжен рокот за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Ана Ололовска

Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Ана Ололовска

Отворен нов јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Ана Ололовска

На располагање нови средства за развој на рибарство и аквакултурата, отворени два нови повика

Ана Ололовска

АФПЗРР: Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Ана Ололовска