Германскиот производител на автомобили Ауди заштедил во 2017 година дури 110 милиони евра благодарение на сугестии и совети од свои работници во погоните во Инголштад и Некарслум.
Веќе 50 години во Ауди постои шема по која работниците може да дадат свои сугестии до челниците на компанијата. Од 1994 година постои и конкретен систем.