Арсовски: Заев не е премиер, тој е комерцијалист на семејниот картел

Од:

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Владата потврдила оти му доделила 30 годишна концесија на „Тотал Инжинеринг“, фирмата на Вице Заев.

– Ова значи дека Зоран му доделил бизнис на Вице Заев за експлотација на минерални суровини на локација во Село Дукатино, општина Василево. Ова е уште еден случај кога Зоран Заев му дава милионски бизнис на Заев. Зоран Заев ја продолжува праксата која ја почна во општина Струмица на секој начин да им обезбеди на неговите семејни фирми да ја шират бизнис империјата како метастази на канцер во целата државна економија. Тој продолжува да се однесува како комерцијалист на семејните фирми. Впрочем тоа е неговиот сон. Но и покрај тоа што Зоран Заев, државата и позицијата премиер, ги гледа од аспект на неговото семејно богатење, има уште еден важен момент кој е уште повеќе скандалозен од претходниот, рече Арсовски.

Тој додаде дека Зоран и Вице Заев се обидуваат да премолчат и не дале одговор зошто си доделиле сами на себе концесија за експлоатација на минерални суровони, ако ја продале механизацијата неколку месеци претходно.

– Како ќе вршат експлоатација и ископ во наредните 30 години ако немаат механизација? Зоран Заев без срам ја лаже целокупната јавност и граѓаните. Пред само неколку дена Заев бесрамно зборуваше дека неговата семејна фирма „Тотал Инжинеринг“ ги продала камионите и механизацијата и не учествува во скандалозниот бизнис со ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола. Сега гледаме дека не само што не ги продале туку и широкоградо добиле бизнис директно од владата предводена од Зоран Заев, рече Арсовски.

Тој коментираше дека Зоран Заев не е премиер на Република Македонија, тој е, како што рече Арсовски, само комерцијалист на семејниот картел и има задача да овозможи што е можно поголемо богатење на своите фирми, барем додека трае оваа фаза од неговиот живот како премиер на Република Македонија.

– Кога се работи за комерцијалистот Заев се е на продажба и се е само добар бизнис за лично и семејно богатење на неговите фирми. Ова мора да запре. Ова мора да го спречиме, бидејќи Македонија и овој народ заслужуваат подобро. Овој криминален картел мора да се разбие и да падне, а сите сомнителни скандали да бидат предмет на јавното обвинителство и надлежните институции, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ