Арамко ги надмина Алибаба и Епл, нафтениот гигант стана највредна компанија во светот

Од:

Првичната јавна понуда на саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ ќе биде најголема во историјата. Сепак, ќе биде значително помала од 2 билиона долари како што најави принцот Мохамед бин Салман.

„Арамко“ го проценува своето ИПО на 32 риала по акција, соопшти компанијата, која собра 25,6 милијарди американски долари, надминувајќи го рекордот на кинескиот гигант „Алибаба“ во 2014 година од 25 милијарди долари.

Пазарната вредност на „Арамко“ е 1,7 трилиони долари, со што го надминува „Епл“ како највредна компанија во светот. Сепак, излезот на саудиската берза, што се очекува кон крајот на овој месец, ќе биде многу поскромен отколку што најави Бин Салман.

Странските инвеститори не брзаат за акции на „Арамко“ поради загриженоста во врска со климатските промени, политичкиот ризик и немањето транспарентност, поради што Саудијците се откажаа од своите амбиции да соберат до 100 милијарди американски долари за 5 проценти од акциите.

Наместо тоа, „Арамко“ ќе се фокусира на продажба на 1,5 отсто од акциите на саудиските инвеститори и богатите држави од Заливот. Саудиските банки исто така понудија евтини кредити на граѓаните за купување акции.

Засега Ријад не откри каде и кога „Арамко“ ќе излезе на берзата во странство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ