Апостолска: Компании од САД, Кина, Индија, … заинтересирани за инвестирање во Македонија

Од:

Преку десет странски компании од Грција, Италија, САД, Кина, Индија, Турција и Романија се сериозно заинтересирани за инвестирање во Македонија, соопшти денеска министерката без ресор, за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска.

На заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши во Владата, Апостолска информира дека изминатите 100 дена остварила контакти со менаџерските тимови на компаниите кои се главно, рече, од автомобилската индустрија, образованието, финансискиот сектор и енергетиката.

Министерката подвлече дека транспарентноста, еднаквиот третман и поддршката врз основа на остварени резултати остануваат приоритет во владината политика кон странските и домашните инвеститори.

Како што посочи, на континуирани средби со странските инвеститори во Македонија јасно е искажана определбата на Владата за соработка.

– Сите инвеститори се добредојдени. Ги охрабруваме својот капитал да го реализираат тука. Владата продолжува со безрезервната поддршка во овој сегмент, потенцира Апостолска.

Давајќи отчет за сработеното, напомена дека инвестициските можности на Македонија се презентирани пред германските стопански комори и компании, пред потенцијалните италијански инвеститори од Пуља, еден од поразвиените региони на Италија, како и пред холандските вложувачи. Стопанската комора од северна Грција е поканета на средби во Македонија и на форум за млади претприемачи од двете држави, а со претставници на Кинеската банка за развој е разговарано за нови проекти од областа на инфраструктурата.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката