Аплицирањето за „Купи куќа, купи стан“ продолжува

Од:

Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенционирани станбени кредити преку проектот „Купи куќа, купи стан“ и во текот на ноември и декември за еден од двата понудени модели.

За првиот модел „Половина рата“ Владата, како што информира Министерството за финансии, ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99 проценти за првите три години, а 5,5 отсто за четвртата и за петтата година од отплатата.

Според вториот модел „Половина учество“, Владата ќе плати 50 отсто од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.

Апликации може да се поднесуваат во НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Стопанска банка – Битола, Алфа банка, ТТК банка и Прокредит банка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата да го објави Договорот со „Ѓока“, скандалот со паркингот мора да биде расчистен!

Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ

Левица: Додека народот мисли како да преживее, владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски