Анкета: Богати Грци и Шпанци вложуваат во акции

Од:

Најбогатите Грци ги вложуваат своите капитали во акции, бидејќи се убедени дека тоа ќе им донесе двојно повеќе дивиденди, отколку други хартии од вредност, покажува спроведеното истражување на Џеј Пи Морган.

Освен Грците, во оваа група се вбројуваат и Шпанците. Станува збор за богатите инвеститори од земјите во криза, како Грција и Шпанија, кои се сметаат за најоптимистички расположени од која било  друга група инвеститори.

Анкетата покажува дека 75 отсто од богатите приватни инвеститори во Европа планираат да го вложат својот капитал во купување на акции.

Над половина од учесниците во истражувањето во 15 градови на Стариот континент изјавиле дека планираат да ги инвестираат своите пари во акции, а 18 проценти одговориле дека се подготвени да ги вложат во алтернативни инвестиции, како на пример хеџ-фондови и недвижности.

Претставник на Џеј Пи Морган изјавил дека 2014 ќе биде година која ќе им донесе заработки на оние кои инвестирале во акции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он