Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот кратки анимирани видеа изработени во рамки на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“, чија цел е да потсети на важноста на формалното и на неформалното образование.
Како и претходните две – „Брзина на звук“, инспирирано од физиката, и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео во 2Д анимација се претставени едукативни факти, овојпат поврзани со македонските пари.
Видеото е достапно во две верзии, на македонски и на албански јазик.