Анѓушев-Томан: Поинтензивна соработка за привлекување на нови инвестиции

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Чешката Република Н.Е. Мирослав Томан.

Вицепремиерот Анѓушев му го честиташе назначувањето на новиот Чешки амбасадор и изрази очекување дека со заеднички напори ќе придонесат за повисоко ниво на економска соработка помеѓу двете земји.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Чешката Република и Македонија и како истата да се зајакне и унапреди. Во оваа прилика вицепремиерот ги презентираше мерките од Планот за економски раст и искажа подготвеност за заедничка соработка со амбасадорот во насока на привлекување на инвеститори од Чешката Република.

„Мерките од планот за економски раст се проектирани да привлечат нови инвестиции и да ги потикнат постоечките да продолжат со развојот. Убеден сум дека мерките ќе бидат атрактивни и за чешките компании, и во таа насока ги поканувам да дојдат во Македонија да инвестираат, а Ве уверувам дека Владата со својот полн капацитет е ставена во функција да обезбеди поволна бизнис клима за нови инвестиции“, подвлече вицепремиерот.

Амбасадорот Томан и вицепремиерот Анѓушев разговараа и за соработка во земјоделието и енергетиката помеѓу двете земји и се согласија дека со заеднички напори ќе се работи на зајакнување на соработката помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски