Анѓушев: Швајцарската компанија Баумер ќе инвестира во Македонија

Од:

Нови 10 инвестиции се влезени во земјава за само 10 месеци по новите транспарентни мерки од Планот за Економски раст со нула денари за маркетинг. Во изминатите 10 години претходната влада потрошила 225 милиони евра за влез на вкупно 23 компании. Од вкупните трошоци повеќе од половина од средствата, околу 130 милиони евра, беа за реклами, промоции и роуд шоуа – ова го посочи Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори проф. д-р Кочо Анѓушев во обраќањето на седницата на Собранието на која пратениците изгласаа доверба на Владата за нејзината работа.

„Последната е реномираната швајцарска компанија Баумер која дојде во Македонија за само 3 месеци. Разликата е што ние ги донесовме со нула денари за маркетинг. Ве охрабрувам да го следите процесот, ќе има уште осумнаесет нови инвестиции во следниот период “, изјави Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека успех на оваа Влада е тоа што за само 3 месеци од почеток на преговорите преку транспарентите мерки од Планот за економски раст инвеститорите се одлучуваат да инвестираат во земјава, за разлика од порано, кога им биле потребни 3 години.

На една од последните седници, Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината, со Нацрт – договор за долготраен закуп за компанијата „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.

Оваа Влада ја стабилизираше земјата, и заедно со регионалното поврзување и развојот на инфраструктурата, создава поволна клима за реални и одржливи инвестиции.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада