Анѓушев: Потемелно да се истражат причините за стечајот на Фени

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги повикува и охрабрува Транспаренси Интернешенал и другите невладини организации потемелно да ги истражат причините кои предизвикаа Фени индустри АД Кавадарци да влезе во стечај.

– Мислам дека е добро да се направат сите испитувања и од тоа никој не е загрижен. Единствено сакам да ги продлабочат испитувањата и да дојдат до причините зошто Фени влегол во стечај. Ги охрабрувам да одат подлабоко во испитувањата и да ги видат сите постапки на транспарентност кои биле од самиот почеток на создавањето на проблемот до денеска, изјави Анѓушев, одговорајќи на прашање на паузата на Бизнис форум во Стопанска комора на Македонија со компании од Исламска Република Иран.

Тој нагласи дека Фени е пример како еден стечај на голема фабрика може да заврши многу транспарентно и коректно.

– Факт е дека денеска Фени работи и 800 вработени земаат плата. Малку сум загрижен што обвинувањата кои стигнале до Транспаренси Интернешенал доаѓаат од Кунико, тие кои што го створиле проблемот, но посакувам да се оди длабоко во испитувањата, потенцира Анѓушев.

Претседателката на Транспаренси Интернешенал – Македонија Слаѓана Тасева вчера на прес-конфереција информира дека Организацијата, откако добила веродостојни информации за постоење на неправилности во стечајната постапка на Фени индустри АД Кавадарци, одлучила да поднесе кривична пријава против стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска за дело злоупотреба на службената положба и овластување. Посочи дека очекува вицепремиерот Анѓушев да се изјасни за наводите во пријавата.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Продаден е дел од имотот на „Фени“, ќе има авансна распределба на парите

Горан Наумовски

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија