Анѓушев од Берлин: Се очекува наплив од странски инвестиции по потпишувањето на протоколот со НАТО

Од:

Со денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО, се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на состанокот во Берлин со државната секретарка во германското Сојузно министерство за економија и енергетика, Клаудиа Дер Вос.

Тој додаде дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15 отсто раст на размената во 2018, во однос на 2017 година.

-Благодарни сме на поддршката од Владата на СР Германија во реализацијата на евро-атлантските интеграции на нашата земја. Денес се остварува децениската стратешка цел за пристапување кон НАТО, со што се обезбедува еден од фундаменталните услови за побрз и поинтензивен развој, особено на економијата. Со стабилноста која ја добиваме со членстството во НАТО, очекуваме зголемен интерес од странските инвеститори, особено оние кои доаѓаат од Германија, нагласи Анѓушев.

Државна секратарка Дер Вос, ги поздрави чекорите кои ги презема македонската Влада во насока на интеграцијата во НАТО и ЕУ и се согласи дека тој процес ќе донесе политичка стабилност и сигурност, што е клучен адут во привлекување на нови инвестиции. Таа дополни дека СР Германија ќе ја поддржи земјата во спроведување на реформите за пристапување кон ЕУ.

Вицепремиерот Анѓушев, на состанокот, ја потенцираше подготвеноста и одлучноста на Владата, со ставање во целосна функција на сите капацитети во земјата да се завршат реформските процеси во земјата, сите предизвици и проблеми со кои се соочува земјата да бидат надминати во најбрз можен рок, пред се да се создадат услови за побрз економски развој и подобра животен стандард, а потоа и за станување полноправна членка во ЕУ.

Во Берлин се одржа и оперативен состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Владите на двете земји, со кои претседаваат вицепремиерот Анѓушев, од македонска страна и Хелге Толксдорф, раководител на Оддел за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерство за економија и енергетика на Германија.

-Дискутиравме за идните чекори за продлабочување на нашите економски односи со Македонија. Досега имаме нов рекорд во трговската размена што изнесува над четири милијарди долари, минатата година, со реални изгледи трговската размена да продолжи да расте. Меѓусебната соработка ќе се концентрираме да ја продлабочиме во повеќе сектори, со особен фокус во полето на дуалното образование, за создавање на пристојни работни места за младите луѓе во вашата земја, со рализација на инвестиции од германски компании, нагласи Толксдорф по работниот состанок.

Вицепремиерот Анѓушев подвлече дека СР Германија покажа дека е пријателска држава која што досега многу помогна на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, при што нагласи дека поддршката од оваа земја допрва доаѓа.

-По завршување на политичките процеси, важно е да обезбедиме подобар живот за граѓаните, а тоа ќе го постигнеме преку добра и реална економија. Нема подобро место во светот од каде што може да се научи повеќе за економијата и индустријата од Германија и затоа го формиравме Мешовитиот управувачки комитет помеѓу македонската и германската Влада, рече Анѓушев.

Во рамките на тој Комитет, додаде, работиме да обезбедиме што е можно повеќе поддршка од страна на Владата на СР Германија во развојот на македонската економија.

-На денешната средба договоривме кога ќе дојде советникот од Владата на Германија во нашата земја. Тоа ќе се случи кон крајот на февруари годинава, го знаеме и името на еден искусен професионалец од Германија, кој веруваме ќе даде голем придонес кон нашите структурни реформи и едукацијата на нашата администрација во полето на пристап кон фондовите од ЕУ кои ќе имаме право да ги користиме во наредниот период. На тој начин, сметам дека ќе стекнеме квалификации за тоа како подобро да ги искористиме европските фондови во интерес на нашите граѓани за реализација на инфраструктурни проекти и сите останати делови од економијата, посочи вицепремиерот.

Што се однесува до реалните проекти, додаде, преку активностите на Мешовитиот управувачки комитет и преку финансиските институции во Германија ќе обезбедиме средства коишто ќе ги договориме во рамки на МУК за спроведување на инфраструктурни проекти на комерцијална основа, а притоа ќе добиеме и одредени грантови преку редовните фондови на Европската унија.

За време на престојот во Берлин вицепремиерот Анѓушев одржа и работни состаноци со претставници на германски компании пред кои ги презентираше можностите за инвестирање во земјата.

Пред претставниците на компанијата Унипер, реномирана компанија од енергетскиот сектор, беа презентирани можностите кои ги нуди новиот Закон за енергетика, пришто се потенцираше дека во земјата се реализираат акивности за изградба на примарен гасоводен систем, додека во план е реализација на секундарната гасификација, која е можност за инвестиција на оваа реномирана компанија. Дополнително ги запозна со можностите кои ги нуди Законот, за инвестиции во енергетски објекти од обновливи извори, фотонапонски и ветерни електрани и хидроелектрани.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски