Анѓушев: Наскоро решение за Еурокомпозит

Од:

Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во прилепскиот загубар Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука Еврокомпозит да стане добро и здраво прептријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа, посочи Анѓушев во одговор на прашање по денешната работна средба со претставници на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија на која присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.

Вработените од Еурокомпозит побара од Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати во спротивно најавија дека ќе кампуваат пред Владата се додека не биде исполнето нивното барање.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме

Предраг Петровиќ

„Алклоид“ со јубилејна плакета од црвен крст

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај