Анѓушев на Светскиот инвестициски форум во Женева 22-24 октомври

Од:

Од денеска до среда, владина делегација предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, а во која ќе бидат и министерот за здравство д-р Венко Филипче и советникот на претседателот на Владата д-р Ванчо Узунов, ќе учествува на Светскиот инвестициски форум, настан кој ќе се одржи во седиштето на Организацијата на Обединети Нации во Женева, Швајцарија.

Вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе учествува на панелот „Инвестициите во новата ера на глобализација“, на кој ќе зборуваат претседатели на држави и премиери од повеќе земји во светот, како и извршни директори на реномирани глобални компании. Воедно вицепремиерот ќе учествува и на работниот ручек на Совоетодавното тело за инвестиции со другите светски лидери.

Министерот за здравство Филипче, утре, во текот на попладневните часови, ќе учествува на панел „Поттикнување на инвестиции за развивање на нов антибактериски третман“, кој се организира во рамките на Форумот.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто