Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на БРАКО

Од:

Сопствениците и менаџери на БРАКО, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и добро здравје во новата 2025г, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на БРАКО.

Фабриката БРАКО ја заврши 2024 г со позитивни резултати, и покрај економската криза во Европа која погоди дел од западноевропските клиенти на БРАКО, како и кризата со производството на жица предизвикана, пред се, од војната во Украина, која беше извор на евтина суровина, и европските економски санкции кон трети држави.

Од друга страна, во 2024г БРАКО успеа значајно да го зголеми производството и продажбата на возилата за чистење Грин Машинс, да одржи стабилно производство на медицински мебел за странски брендови, и да произведува автоматизирани машини за клиенти од развиените земји.

2025 г се очекува да донесе ширење на производите на БРАКО на светскиот пазар, но и борба за зголемување на вкупниот македонски извоз, како клучна основа за економски развој на нашата држава, а со тоа и поголем стандард за нашите граѓани.

Би можело да ве интересира

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

А1он

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Горан Наумовски

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

БРАКО на Aнанас: Медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

А1он

Грин Машинс на БРАКО на клучен еропски саем за зелена и циркуларна економија во Италија

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет