Ангеловска на ФБ: Доделена првата транша од евтините кредити, се задржува ликвидноста на компаниите

Од:

Преку задржување на ликвидноста на стопанството се осигурува неговото нормално функционирање и се поттикнува економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук по повод доделувањето на првата транша од евтините кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Доделени се 25,6 милиони евра со каматна стапка од 1,6 проценти на 105 компании од производството, угостителството, транспорот, трговијата и здравството.

– Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1,6 проценти, напиша Ангеловска.

Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на Ковид-19 кризата. Поддржани се вкупно 1.436 претпријатија и 16.777 работни места.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска