Ангеловска: Мерката 14.500 денари по вработен може да ја корисат и занаетчии, фризери, козметичари…

Од:

Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност, објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Мерката е иста како за работодавачите – единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП. Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите: до 5-ти во месецот за претходниот месец, преку системот е-ПДД, во рок од три дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето, до 13-ти во месецот физичкото лице – самостоен вршител на дејноста на трансакциската сметка преку која врши самостојна дејност добива исплата на финансиската поддршка, а дДо 15-ти во месецот треба да се исплати плата за претходниот месец, наведува минисерката.

Барателот за да ја користи оваа мерка треба во месец март 2020 да има најмалку 30 отсто намалување на приходите во однос на месечниот просек во 2019, оние што се основани по март 2019 – да имаат најмалку 30 отсто пад на приходи за месеците април 2020 или мај 2020 во однос на просекот минатата година вкличително и јануари и февруари 2020 и за сезонските вршители на дејност да имаат пад на приходите за над 30% во последниот сезонски период од четири месеци со истиот период претходната година.

Министерката додава дека мерката не може да ја користи самостоен вршител на дејност кој во 2019 година има нето доход пред оданочување или утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска