Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на ЦЕФ: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста и економскиот потенцијал

Од:

Емпириските истражувања покажале дека кај земјите со помал доход, јакнењето на институциите има значаен позитивен придонес за поефикасно спроведување на структурните реформи, раст на продуктивноста и за повисок економски раст. Со оглед на тоа што во последната декада во регионот на ЦЈЕ структурните реформи се одвиваат забавено и доходот и натаму значително заостанува зад доходот во ЕУ, потребно е јакнење на институциите. Оттаму, инвестирањето во вработените и постојаното учење и надградување во рамките на институциите е од особено значење за зголемување на економскиот потенцијал. Ова е дел од излагањето на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Годишната конференција организирана од Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), Љубљана, на тема „Силните институции ги остваруваат своите мандати“.

Според Извештајот на ЕБРД, во изминатиов период во земјите на ЦЈЕ, вклучително и во регионот на Западен Балкан, има напредок речиси во сите структурни сегменти како што се конкуретноста, интегрираноста, отпорноста, и тоа пред сѐ отпорноста на финансиските системи и зелената транзиција, но тој напредок е релативно бавен. Ова е карактеристично особено за периодот на здравствената криза, поради насоченоста на носителите на политиките кон решавањето на итните предизвици за ублажување на ефектите од кризата. Оттаму и нивото на доходот во ЦЈЕ е само 68% од доходот на ЕУ-27, а во регионот на Западен Балкан е само 38%. Во однос на квалитетот на институциите, гувернерката рече дека согласно со индексот за квалитетот на институциите на Светскиот економски форум, нашата земја е над просекот од регионот на Западен Балкан. Сепак, доколку се спореди целиот регион на Западен Балкан со развиените земји се забележува јаз. Во вакви околности, гувернерката ја нагласи потребата за повторно враќање на вниманието кон структурните реформи насочени кон трите долгорочни фактори на економскиот раст – труд, капитал и продуктивност.

На Конференција на ЦЕФ присуствуваа гувернери и министри од регионот на ЦЈЕ, како и претставници на ЕК и други меѓународни институции.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски