Ангела Меркел: Можна е слободна трговска зона со Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека без разлика на сегашните политички разлики, долгорочно е можна слободна трговска зона во која би учествувале Германија и Русија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Говорејќи на економскиот форум во Стралсунд, Меркел рече дека Германија е заинтересирана за поблиска економска соработка и со Русија во иднина.

– На долг рок е можно да се создаде голема слободна трговска зона во која ќе биде и Русија. Чекор по чекор, ние правиме се што е можно да создадеме заедничка економска зона – како што претседателот Владимир Путин еднаш рече од Владивосток до Лисабон“, ја пренесува изјавата на Меркел веб сајтот „Спутник“ .

Според неа политичките разлики меѓу Русија и членките на НАТО и ЕУ треба да бидат надминати со дипломатски мерки.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва