Американските компании ја намалуваат прогнозата за првиот квартал

Од:

Претставници на голем број компании чии акции влегувата во составот на американскиот индекс на акции Стандард енд Пурс 500 (С&П) ги намалија финансиските прогнози за своите фирми во првиот квартал оваа година.

Во анкетата 63 компании укажаа дека очекуваат лоши финансиски показатели во тековниот квартал во однос на претходните проценки, додека претставници на 17 фирми изразија оптимизам и изјавија дека се надеваат на подобар биланс отколку во последното тримесечје 2012.

Толку голема разлика меѓу бројот на фирми кои изразуваат песимизам во однос на оние кои се оптимистички настроени, не е забележана од 2006 година.

Истражувањето на њујоршкиот економски весник „Волстрит џурнал“ покажува и дека инвестициското расположение во американските компании станува се попроблематично.

 

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина