Американски компании почнаа да го враќаат производството од Кина во матичната држава, пренесе денес британскиот дневник „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на разултатите од анкетата спроведена меѓу бизнисмени.
Ова промена следи по намалената конкурентска предност на Кина, како ефтин индустриски центар и најавува поголеми вработувања во американската преработувачка индустрија и покрај тоа што официјалните податоци укажуваат на благ пораст на вработувања во изминатите години.
Меѓу компаниите кои што најавија враќање на производството во САД се и „Кеј Некс“, „Трелис ерт продактс“ и „Хендфул“.
Според истражувањата на „Бостон консалтинг груп“ околу 21 процент од вкупно 200 испитани менаџери, веќе го префрлиле своето производство во САД, а 27 проценти од нив ја разгледуваат можноста.
Испитаниците сметаат дека работните трошоци се пресудни за донесување на ваква одлука.
Елена Георгиевска