Американците само преку интернет потрошиле девет милијарди долари за „Црниот петок“

Од:

Купувањето преку интернет на „црн петок“ годинава достигна највисоко ниво од девет милијарди долари, имајќи предвид дека американските потрошувачи за време на пандемијата Ковид-19 се свртеа кон онлајн купување.

За разлика од претходните години, кога Американците ги полнеа продавниците неколку часа по Денот на благодарноста, оваа година тие одлучија да купуваат преку компјутер и телефон, со цел да ги искористат продажбите и попустите.

За време на „црниот петок“, американските потрошувачи досега трошеле 6,3 милиони долари во минута кога купувале преку интернет, или во просек по 27,5 долари од лице, покажуваат податоците на Адобе Аналитикс.

Трошоците за паметни телефони годинава се зголемиле за 25,3 проценти од минатата година на 3,6 милијарди долари, бидејќи паметните телефони сочинуваат 40 проценти од вкупната е-трговија.

Потрошувачката на купувачите на „црн петок“ годинава се зголемила за 21,6 проценти во споредба со минатата година.

Според Адобе Аналитикс, и покрај рекордите, годинашниот „црн петок“ стана втор најголем ден на трошење преку Интернет во историјата на САД, зад „сајбер понеделникот“ минатата година.

Се проценува дека „сајбер понеделник“ годинава ќе стане денот со најголема онлајн потрошувачка во историјата.

За време на Денот на благодарноста, во четвртокот, онлајн потрошувачката се зголемила за 21,4 проценти, на рекордни 5,1 милијарда американски долари.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски