„Амазон“ ќе потроши пет милијарди долари за развој на два нови центра

Од:

Гигантот во онлајн трговијата „Амазон“ соопшти дека за свое второ седиште избрал две локации во северниот дел на Америка – во околината на Њујорк и Вашингтон.

На двете локации, означени како „HQ2“, кои се наоѓаат на Лонг Ајленд, во њујоршкиот округ Квинс, како и во округот Арлингтон, во северниот дел на Вирџинија, во широката околина на Вашингтон, ќе бидат изградени канцеларии за околу 25.000 луѓе.

„Амазон“ планира да потроши пет милијарди долари за развој на двата центра на компанијата, чие седиште инаку се наоѓа во Сиетл.

– Овие две локации ќе ни овозможат да привлечеме врвни таленти, кои ќе ни помогнат да продолжиме со иновации во годините кои следат, се наведува во соопштението на генералниот директор на „Амазон“, Џеф Безос.

Компанијата го избра Нешвил за „центар на исклучителност“ со 5.000 работни места, а ќе се занимава со транспорт, снабдување и други активности.

Вработувањето во новите центри е планирано да започне следната година.

„Амазон“ доби 238 пријави испратени од многу места ширум Северна Америка, со цел токму тие да бидат избрани како второ седиште на компанијата. Повеќе градови и држави ветувале во своите понуди милијарди долари даночни и други олеснувања со цел да станат т.н. седиште „HQ2“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски